26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве како да се дојде до работа во Германија

Еве како да се дојде до работа во Германија

Една третина од сите работни места во Германија се пополнуваат преку приватни врски и контакти.

Кај помалите компании до работа на овој начин доаѓаат речиси половина од сите нови вработени, соопшти Сојузниот завод за вработување.

“32 проценти од сите нови вработени во изминатата година дошле до работното место преку приватни контакти, а во помалите компании е уште поголем процентот, околу 47 отсто”, соопшти Заводот за вработување во Нирнберг, повикувајки се на редовно испитување, кое се спроведува кај работодавачите.

21% од новите работни места биле најдени преку онлајн платформата за вработување, како приватни така и оние на Федералната канцеларија за вработување.

11 отсто пронашле работа преку огласите за вработување на интернет страниците на компаниите, десет проценти нашле работа преку огласи во весник, а исто толкав процент се вработени врз основа на самоиницијативни понуди.

Во 2016 година во Германија пополнети се 3,65 милиони нови работни места, од кои најголемиот дел, 44 проценти, отпаѓаат на малите и средни претпријатија до 50 вработени.

Истото истражување покажува дека помалите компании имаат тенденција да се дојде до работници, кој ќе добиваат пониска почетна плата и делумно неповолни услови. Во исто време, новодојдените лица во помалите компании почесто се вработени на неодредено време отколку во поголемите компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП