26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСојата како лек

Сојата како лек

Сојата освен за исхрана се препорачува и за намалување на висока температура, отстранување на воспалителни процеси и како мелем за болните места.

Сојата е исклучително вредна намирница, која има широка примена во исхраната. Поради корисните состојки во народната медицина се корисни како лек за одделни здравствени тешкотии. Се препорачва за намалување на висока температура, отстранување на воспалителни процеси и како мелем за болни места.

* Фластерот од сирова соја е најделотворен. Подгответе го така што во пет шолји вода ќе потопите шолја сирова соја и ќе ја остваите да преноќи. Наутро сојата изгмечете ја, додадете малку брашно и оваа леплива паста ставете ја на газа или масна хартија, да биде со дебелина од 1 см. Нанесете на кожата и менувајте штом се исуши, додека здравствениот проблем не се ублажи.

* Тофу сирењето од соја исто така може да се подготви во вид на фластер. Ефиксно намалува висока температура, лекува изгореници од втор и трет степен, нагмеченици, исчашеници и воспалителни процеси. Подгответе го така што прво од мало парче тофу сирење со помош на газа ќе го отстраните вишокот вода. Потоа издробното тофу сирење помешајте го со 5 гр изрендан ѓумбир и супена лажица бело брашно. Сите состојки добро промешајте ги и добиената сместа користета ја на ист начин како и фластерот од соја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП