27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан договорот за добрососедство, пријателство и соработкa

Потпишан договорот за добрососедство, пријателство и соработкa

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ставија потпис на договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Договорот е потпишан на македонски и на бугарски јазик во согласност со уставите на двете земји, а предвидува бугарска поддршка во македонските евро-атлантски напори за влез во ЕУ и НАТО, соработка на билатерален план, унапредување на транспортните комуникации, олеснување разни царински и гранични формалности, како и олеснување на контактите меѓу граѓаните на Македонија и Бугарија.

Македонскиот премиер по ставањето потпис на договорот рече дека тој е историски чекор напред кој покажува дека минатото може да биде темел за идна соработка.

„Овој договор е заемен успех и придонес кон политичка стабилизација за регионот и пошироко. Се определивме за политички решенија, а не проблеми. Во Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели. Ова наше пријателство е пример како долгогодишната сопирачка може да се претвори со мотор за развој. Оваа соработка ќе помогне за унапредување на патната и гасната инфраструктура на двете земји. Прашањето на добрососедските односи е прашање на зрелост и затоа овој договор е значајна порака до ЕУ и НАТО дека земјите имаат политички раководства кои градат мостови. Бугарија од денес е уште поголем пријател и сојузник кон евро-атлантските перспективи“, изјави Заев по потпишувањето на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП