27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се стопира изградбата на Панорамското тркало?

Ќе се стопира изградбата на Панорамското тркало?

На вчерашната одржана седница на Советот на град Скопје, советничката група на СДСМ и коалиционите партнери најавија дека ќе побараат прекин на изградбата на Панорамското тркало во центарот на Скопје.

Ова здание од проектот „Скопје 2014“ чини најмалку 18,3 милиони евра.

Иницијативата на СДСМ доаѓа по граѓанскиот револт за изградбата на Панорамското тркало, кој во изминативе години се изрази преку протести и организирање на он-лајн петиција на граѓаните. На електронската петиција за стопирање на изградбата на Панорамското тркало во текот на изминатава пролет се потпишаа над 7.800 граѓани. Оваа иницијатива беше испратена до скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Од СДСМ во неколку наврати посочија дека изградбата на Панорамското тркало претставува нерационално трошење на парите на граѓаните. Социјалдемократите постојано бараат да се пренаменат овие средства на Градот Скопје кон други поприоритетни проекти. На утрешната седница на Советот на град Скопје ќе се знае финалниот одговор на градската власт во однос на ова барање на опозицијата.

„Барокниот“ објект во центарот на Скопје веќе неколку години наназад го гради „Бетон“ од Скопје.  Панорамското тркало треба да има дијаметар од 57 метри и висина од 73 метри. На тркалото би се поставиле 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Проектот го изработи австриската фирма „a2 Hotelconcept GmbH“, додека идејното решение е дело на „Massabni architects GmbH“ од Виена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП