4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверна Грција се соочува со големи штети од силното невреме

Северна Грција се соочува со големи штети од силното невреме

Деновиве северна Грција се соочува со силното невреме, проследено со поројни дождови и силен ветер.

Едно лице загина од гром, а романски алпинист е исчезнат на планината Олимп, каде температурата паднала до нулата, десетици поплавени автомобили, продавници, приземни апартмани и патишта во регионот на Солун и Ситонија, вториот крак од Хилкидики, а, исто така, и излеани реки од своите корита, како и огромни штети врз земјоделските посеви во регионот на Ахаија, на полуостровот Пелопонез, во јужна Грција, и Етолоакарнанија во западниот дел на земјата, е епилогот од невремето што од саботата вечерта до синоќа ја зафати Грција, јавија грчките медиуми.

Во силното невреме, проследено со дожд и силен ветер заглавени се и македонски туристи.

Некои од нив на фејсбук со натписи и фотографии од ситуацијата во која се наоѓаат, бараат помош.

„Пријатели ситуација е следна. Ние сме на милост и немилост над селото Каламитци. Колата ја испразнивме од вода ама немаме светла за да патуваме далеку. Дали некој од вас може да ни понуди сместување барем за вечерва со оглед дека и Сарти и Торони се поплавени?“

Во летувалиштето Порто Карас поради надојдените води властите ги евакуирале туристите од тамошниот кампинг.

Паднатите поројни дождови разурнале патишта и инфраструктура, а на оделни места предизвикале и свлечишта.

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони. Температурата во одделни места била околу 15 степени Целзиусови. Во дел од градовите од одделни хотели се евакуирани туристи, меѓу кои и од хотел на Ситонија, каде денеска се евакуирани поради река, која се излеала од коритото и го поплавила целото подрачје.

https://www.facebook.com/GreekReporter/videos/10154835641770829/

Според Солунско радио, странските туристи масовно го напуштиле регионот на Халкидики. Лошото време создало проблеми и на островот Лимнос, каде многу куќи биле поплавени. Фериботите во реонот на Рио-Антирио, пак, биле повлечени од големите бранови.

Грчките синооптичари за денеска очекуваат подобрување на временските прилики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП