5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхрид продолжува да се "тресе"

Охрид продолжува да се “тресе”

Нови пет земјотреси се регистрирани ноќеска во охридското епицентрално подрачје. Најсилниот од 4,1 степени по Рихтер е почувствуван пет минути пред полноќ, а утринава во 4:29 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени на длабочина од еден километар.

По овој, следеа повеќе послаби потреси. На земјотресот од 4.1 степени, му претходеше серија земјотреси со среден интензитет. Во 20.46 часот регистриран е земјотрес со магнитуда од 2.7 степени според Европската макросеизмичка скала. Во 21.41 регистриран е земјотрес со јачина од 2.7, во 22.07ч. со јачина од 2.9 и во 22.33ч. со јачина од 2.6 степени.

Според сеизмолозите се работи за афтершокови по големиот земјотрес што се случи вчера со јачина од 5 степени според Рихтер. Од 18-ти јуни до денес во охридскиот регион регистрирани се над 1000 земјотреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП