6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Турција оствари изненадувачки силен раст

Економијата на Турција оствари изненадувачки силен раст

Економијата на Турција оствари изненадувачки силен раст и профитираше од политиката за поддршка на растот на кабинетот.

Во првото тримесечје од годината бруто домашниот производ (БДП) на земјата отскокнува со 5% на годишна основа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е значително над растот од 3,5 отсто на крајот на 2016-та година и над очекуваните од економистите 4%.

Експанзијата е охрабрена од повисоките владини трошоци, инвестиции и извоз, пренесува „Ројтерс“.

По неуспешниот државен удар во јули минатата година економијата се намали во третиот квартал за 1,3 отсто – за прв пат од седум години. Владата се погрижи потоа со познати импулси.

Во однос на претходното тримесечје растот на БДП-то е од 1,4 отсто.

Годишниот раст на БДП-то во земјата изнесува во просек на 4,68 отсто во периодот меѓу 1999-та и 2017-та година, достигнувајќи рекордно висока вредност од 11,7 отсто во првиот квартал на 2011-та година и дно од -14,40 отсто во првиот квартал на 2009-та година.


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП