26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИ9-дневна диета со која можете да намалите до 5 кг

9-дневна диета со која можете да намалите до 5 кг

Имате вишок килограми и потребна ви е помош за да ги намалите? Погледнете ја следнава диета…

Оваа 9-дневна диета е составена од три периоди од по три дена, а во овие 9 дена можете да намалите 5 килограми. Правилата на диетата се едностави, во секој период (1 период се состои од три дена) задолжително е да се консумира само определениот продукт за тој период. Првиот период е составен од јаглехидрати, вториот од протеини, а третиот период е богат со растителни влакна и витамини. При оваа диета телото ги добива сите потребни материи за нормално функционирање.

1, 2 и 3-ти ден – Ориз

Во овие денови се консумира само ориз. Тој треба да е подготвен на посебен начин. Навечер една чаша ориз се потопува во вода и се остава така да отстои преку ноќта. Наутро оризот се прелива со врела вода и се вари на слаб оган 15 минути без сол. За појадок се консумира една чаша сварен ориз. Останатото количество се распределува во текот на денот.

4, 5 и 6-ти ден – Пилешко

Неопходно е 1 кг пилешко месо. Пред готвењето му се отстранува кожата. Пилешкото месо се става на оган да се вари без сол. Кога ќе биде готово, се дели на помали еднакви делови, и на секој час се консумира по еден дел. Особено се препорачувааат пилешките гради или пилешкото филе, без кожа и коски.

7, 8 и 9-ти ден – Варен зеленчук

Снабдете се со 800 гр. свеж зеленчук по свој избор. Сварете го зеленчукот без сол и зачини. Можете да приготвите и салати без масло, сол или оцет. Не се дозволени ниту, кисели, солени и маринирани зеленчуци.

Вечерата треба најдоцна да биде во 19 часот. Ако почувствувате глад, пијте вода или чај.

За време на оваа диета треба да се консумираат најмалку 2.5 литри течности дневно. Освен вода, дозволено е да се консумира и зелен чај. Течностите консумирајте ги помеѓу оброците. Паралелното консумирање на течности и храна е забрането.

При држењето на оваа диета се исфрлаат вишокот течности и масти од телото. Ефектот на диетата ќе биде поголем доколку при држењето вклучите и лесни фитнес вежби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП