27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп во бројки

Трамп во бројки

trump

Од 20-ти јануари, кога ја презеде функцијата претседател на САД, Доналд Трамп објави 375 твитови што е повеќе во однос на твитовите објавени во период од година и пол од неговиот претходник Барак Обама.

Според пресметките на францускиот весник “Ле Монд”, актуелниот претседател во еден месец сруши уште некои рекорди.

Од преземањето на должноста потпиша 12 декрети, што е рекорд, меѓу кои и декретот за забрана за влез во Америка на 7 муслимански земји. Тој декрет резултираше со уште еден рекорд: поништени се 60.000 американски визи.

Трамп е заслужен и за најбројниот протест, кој немало толкав уште од протестите за граѓански права во 60-тите години: на 21-ви јануари на анти-Трамп протестот на жени се собраа меѓу 2-3 милиони луѓе.

И на крај, бројот на негативни мислења за него се зголеми за 10 процентни поени, на 55 отсто. Ако продолжи сегашниот тренд, Доналд Трамп во април може да ја надмине непопуларноста на Ричард Никсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП