6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива тековно, Евзони сеуште затворен

Сообраќајот се одвива тековно, Евзони сеуште затворен

avtopati1

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Преминот Меџитлија (Битола) e отворен за сообраќај за секаков вид на возила, додека Дојран е отворен само за патнички возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП