5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради затворениот Евзони камионите со нафта ќе поминуваат преку Дојран и Меџитлија

Поради затворениот Евзони камионите со нафта ќе поминуваат преку Дојран и Меџитлија

kamioni nafta3

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, покрај на граничниот премин Богородица, ќе може да поминуваат и на граничните премини Дојран и Меџитлија.

Одлуката била донесена на владина седница, а привремениот режим почна да важи од среда вечер и ќе трае до 5 март.

„Владата стапи во контакт со Царинската управа, која доби задолжение веднаш да обезбеди кадар и логистика што ќе овозможат нормално функционирање на овие гранични премини. Исто така, и МВР доби задолженија според кои треба од свој аспект да озбезбеди определено прифаќање на овие транспортни средства врз основа на кои овие цистерни ќе влегуваат на премините Меџитлија и Дојран“, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Владата будно ја следи состојбата со блокадите на границата од грчка страна и се планираат соодветни мерки.

 Граничниот премин Евзони е блокиран веќе девет дена, а превозниците наоѓаа алтернативни патишта за да ја донесат стоката во Македонија.

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, од граничниот премин Евзони се пренасочуваат и кон Ново Село, Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП