Прерано е да се размислува за можноста за укинување на санкциите за Русија, рече американскиот претседател Доналд Трамп, на прес конференција по средбата со британската премиерка Тереза Меј.
Британската премиерка рече дека разговорот меѓу двајцата државници бил насочен кон понатамошна соработка на двете држави.
На новинарско прашање околу најавениот телефонски разговор на американскиот претседател со Путин, Трамп рече дека ќе разговараат за сè и дека САД сакаат добри односи со сите, па и со Русија.