28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на патиштата се одвива тековно

Сообраќајот на патиштата се одвива тековно

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, а на осојничавите места во западниот дел наместа со остатоци од кашест снег.

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП