4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов пристап на Лондон - Владата ќе им помага на компаниите

Нов пристап на Лондон – Владата ќе им помага на компаниите

london12

Британската премиерка Тереза Меј вети дека ќе помогне за зајакнувањето на продуктивноста и конкурентноста на домашната индустрија, во момент кога се подготвува за излез од ЕУ.

Тереза Меј подоцна во текот на денот би требало да ја претстави „модерната индустриска стратегија“ и да го најави поголемиот ангажман на владата на план креирање на опкржување кое ќе придонесе за отворање на добро платени работни места во цела Британија, пренесува агенцијата АП.

Таа стратегија, како што изјави, ќе биде поддржана со новиот пристап кој подразбира поактивна улога на владата во пружањето на поддршка за комапниите.

„Тој пристап ќе и даде долгорочна поддршка на Британија, созадавајќи услови во кои успешните компании можат да растат и охрабрувајќи ги да инвестираат во долгорочната иднина на нашата земја“, истакна Меј.

Владата во Лондон, како што вели, е подготвена да ги менува регултивите со цел да ги отстрани бариерите за иновации, како и трговијата и инвестициските договори да ги искористи за зголемување на извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП