28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдравството сугерира распустот да продолжи до 23-ти јануари

Здравството сугерира распустот да продолжи до 23-ти јануари

ucilnica-praznaa

Зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, односно наместо на 18-ти јануари распустот да е продолжен до 23-ти јануари, одлучи во четвртокот Комисијата за заразни болести.

Ваквата одлука е прифатена и е донесена поради намалениот број лица заболени од грип на училишна возраст, а со цел да се намали бројката на заболени од четвртокот ноќта ќе се врши дезинфекција на јавните автобуси.

Министерот за здравство во заминување Никола Тодоров во изјава за медиумите објави во четвртокот дека е донесена мерка за продолжување на зимскиот распуст на учениците до 23-ти јануари, а предлогот е доставен до Комисијата за заразни болести и до Министерството за образование.

Појасни дека одлуката е донесена како резултат на намалувањето на бројот на заболени од грип во периодот додека децата биле на распуст.

„Наместо на 18-ти, второто полугодие да започне на 23-ти јануари. Оваа мерка е потребна со тенденција на намалување на заболените од грип на возраст од 0 до 14 години. Покрај оваа мерка, ќе се спроведе темелна дезинфекција на автобусите на Јавното сообраќајно претпријати во Скопје и другите градски автобуси, како и во останатите градови каде што има организиран сообраќај. Засилената мерка, исто така, предвидува темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на училишната година“, прецизираше Тодоров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП