4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп формира „стратешки форум“ кој ќе ја оценува неговата економска политика

Трамп формира „стратешки форум“ кој ќе ја оценува неговата економска политика

donald_trump_241014-650x396

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави формирање на ткн „стратешки форум“ во кој ќе влезат 16 групни американски претприемачи со коишто ќе се советува во подготовката и оцените на сопствената економска политика.

Ова советодавно тело со коешто ќе претседава челникот на инвестицискиот фонд „Blackstone“, Стивен Шварцман, треба да го известува претседателот Доналд Трамп за тоа „како владините мерки влијаат врз економскиот раст, отворањето работни места и продуктивноста“, се наведува во соопштението на тимот за предавање на власта на новоизбраниот претседател.

Меѓу членовите на ова тело се и извршниот директор на банката „JPMorgan Chase“, Џејми Димон, на студијата „Walt Disney“, Боб Игер, на фабриката за автомобили на „General Motors“, Мејри Бара, и на произведувачот на авиони „Boeing“, Џим Мекнерни.

„Мојата администрација е одлучна во намерата да се потпира на стручноста на приватниот сектор и да ја намали владината бирократија која нашите компании ги спречува да вработуваат, да воведуваат иновации и да се развиваат на американска почва“, изјави Трамп, кој и самиот е директор на компанија и сопственик на империјата на недвижнини која го носи неговото име.

Трамп победи на американските претседателски избори, меѓу другото, благодарејќи и на ветувањето дека ќе ги сочува работните места во САД и рече дека е подготвен да воспостави директен дијалог со директорите на компаниите за тоа да се оствари.

Во четвртокот и се закани „со последици“ на компаниите коишто ќе посакаат да заминат од САД поради намалување на трошоците.

Како што уште се додава во соопштението, новоизбраниот претседател „почесто“ ќе се среќава со членовите на новото тело коешто првпат ќе се состане „во првата седмица од февруари“, по официјалната инаугурација и преземањето на должноста на 20-ти јануари.

И претседателот на заминување Барак Обама основаше консултативни тела составени од челници на компании, во прв ред ткн Советот за извоз во кој имаше дваесетина крупни бизнисмени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП