6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупреди дека светската задолженост е рекордно висока

ММФ предупреди дека светската задолженост е рекордно висока

dolgovi222

Долговите во државниот и приватниот сектор во светот во минатата година достигнале невиден износ кој е над два пати поголем од економското богатство, создадено на планетата, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Без известување на финансискиот сектор, глобалната задолженост на крајот на 2015-та година достигна 152 илјади милијарди долари, што е 225 проценти од светскиот бруто домашен производ (БДП) во номинални услови, покажува новиот објавен извештај на Фондот. Оваа вредност ги опфаќа долговите на владите, нефинансиските компании и домаќинствата.

„Високите должнички нивоа се скапи, што често доведуваат до финансиски рецесии, кои се изразени и подолги од вообичаените рецесии”, коментира Витор Гашпар, директор на одделот за буџетските прашања на „ММФ“.

dolgovi 0000

Скокот на показателите главно се должи на приватниот сектор, кој се искористи со полна сила од „најевтините пари“, обезбедени од полибералната монетарна политика на големите централни банки.

Земјите исто така забележаа зголемување на задолженоста.

Се очекува оваа година долгот на Јапонија да достигне 250 проценти од БДП-то, на Грција 183 проценти, а на Франција близу 100 проценти, според новите проекции на „ММФ“, цитирани од агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП