6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина должи како Грција: ММФ ја предупредува да го намали задолжувањето или...

Кина должи како Грција: ММФ ја предупредува да го намали задолжувањето или ќе банкротира

kina

Зависноста на Кина од задолжување расте со опасна брзина, поради што официјален Пекинг ќе мора да интервенира за да спречи економска криза во втората најголема економија во светот, предупреди Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).

ММФ предупреди дека кинеските лидери мораат да извршат клучни реформи, и истакна неодржливо високите цели кон економскиот раст од официјален Пекинг само ќе ги влоши проблемите, пренесува агенцијата Франс прес.

Иако Кина направи напредок во своите напори да ги пренасочи двигателите на економскиот раст, неуспехот во решавање на структурните предизвици може да ја уништи дотогашната работа.

Во најновиот економски ивештај “Светска економска перспектива”, ММФ наведува дека Кина продолжува да остварува напредок во реализација на комплексната задача да ја пренасочи сопствената економија во потрошувачката и услугите, и да овозможи поголема улога на пазарните сили.

Сепак зависноста на економијата од кредити расте со опасна брзина, се додава во извештајот.

Кина, според проценките на ММФ, треба да го спречи растот на кредитирањето и да ја намали поддршката на “неодржливите” државни претпријатија, прифаќајки забавен раст на БДП.

Вкупниот долг на Кина кон крајот на минатата година се искачи 168,48 трилиони јуани(25.000 милијарди долари), што е еднакво на 249 отсто од националниот БДП, према податоците на Кинеската академија за социјални науки.

ММФ предвидува раст на БДП од 6,6 отсто во тековната година, а потоа негово забавување од 6,2 отсто во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП