6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупредува: Ова ќе ја уништи Украина

ММФ предупредува: Ова ќе ја уништи Украина

107706728857f279721f604391229427_w640

Противењето на групата реформи ќе го загрози економското закрепнување на Украина и спасувачката програма на Меѓународниот монетарен фонд.

Ова може да се избегне доколку оние кои се на власт преземат јасни мерки во борбата против корупцијата, соопшти ММФ.

„Од клучна важност е да се покажат конкретни резултати кои сигнализираат поинаков и неповратен прекин со минатото на земјата. Тоа ќе биде предизвикувачки, со оглед на тоа дека корупцијата е широко распространета и дека е длабоко вкоренета, а ќе бара силна ангажираност и посветеност од оние на власт. Без тоа, сепак, ќе биде тешко да се процени успешноста на оваа програма“, се наведува во извештајот на Фондот објавен по другата ревизија на ММФ за оваа програма за помош на Киев, пренесува агенцијата Ројтерс.

Украина во септември доби милијарда долари од ММФ, што е трета транша исплатена за Киев во рамките на 17,5 милијарди долари вредниот пакет помош од ММФ. Таа страна беше „замрзната“ речиси година дена поради политичките немири и недоволниот напредок на полето за имплементација на антикорупциските мерки.

Септемвриската транша од милијарда долари значи дека Украина до сега добила 7,7 милијарди долари од програмата, пренесува Ројтерс, додавајќи дека ММФ од Киев бара да воведе „клучни“ но непопоуларни реформи во пензискиот систем до крајот на декември и до крајот на октомври да ги принуди високите функционери да ги пријават своите приходи и имотот со кој располагаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП