5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски најави нов проект, изградба на 140 детски градинки

Груевски најави нов проект, изградба на 140 детски градинки

gruevski--00

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во неделата најави проект во висина од 25 милиони евра за изградба на 140 државни детски градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминативе години целосно се посветила на потребата од зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст односно отворање на нови детски градинки, вели Груевски.

„Се реализираа и низа мерки со кои ги поттикнуваме родителите да имаат повеќе деца знаејќи дека наталитетот е проблем во Република Македонија, но и во цела Европа. Од тие причини во поголем број на општини се јави потреба од постоење на повеќе градинки што укажуваше дека се раѓаат и повеќе деца како потврда на нашите политики насочени кон придвижување на демографските состојби во позитивен правец. Потребата од повеќе градинки е првиот индикатор дека имаме одреден успех во напорите за раст на наталитетот, иако сме свесни дека треба многу повеќе за да дојде до позабележителни резултати на долг рок“, рече Груевски.

Македонија е единствената земја во јужниот дел на Европа која има раст во бројот на родените во периодот од 2005-та до 2015-та година.

„Во 2005-та година е забележан најмалиот број на родени бебиња во историјата на Македонија. Во 2005-та година се родени 22.482 бебиња. Минатата 2015-та година се родени 23.106 бебиња, што претставува зголeмување од 2,8 проценти. Истовремено, сите останати земји во Јужна Европа имаат големи падови во бројот на родените бебиња во периодот од 2005-та до 2015-та година, а само Македонија има раст. Евe неколку бројки: Португалија има пад минус -21,6 отсто, односно пад од 109 илјади родени бебиња на само 85 илјади бебиња во само 10 години. Италија има пад во родените бебиња од 554 илјадиво 2005-та година, на 488 илјади бебиња во 2015-та година. Тоа е пад од 11,9 проценти во периодот од 2005-та година до 2015-та година. Потсетувам, единствено Македонија има раст во бројот на родените од 2005-та до 2015-та година од 2,8 проценти во бројот на родените бебиња“, рече Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потребата од нови градинки оди и заедно со намалување на невработеноста, и се повеќе семејства каде и двата родитела имаат работа, работно време имаат и потреба детето да го однесат во градинка. Што се однесува до капацитетот на градинките, овој недостаток е и резултат на децениската запоставеност во изградбата на градинките.

Споредбено со периодот пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006-та година oпфатoт на деца во градинки од 0 до 6 години изнесуваше само околу 9 отсто а во 2016-та е зголемен и изнесува околу 26 отсто односно речиси трикратно зголемување. Како резултат на заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ само во последните 7 години отворени се 13 јавни општински установи-детски градинки, 17 објекти и 22 групи во други просторни услови кои работат како градинки и ја имаат истата функција, или севкупно се отворија 52 градинки.

За да се дојде до овој проект претходно била направена анализа, во рамките на чија бил земен бројот на родени деца во период 2010-2015 година, бројот на деца запишани во детските градинки и бројот на деца кои се на листа на чекање.

„Согласно анализата, планирана е изградба и опремување на 100 градинки со различен опфат со што капацитетот за згрижување на деца од предучилишно образование би се зголемил за околу 15 илјади деца на државно ниво. Значи со овие 100 нови градинки ќе овозможиме места за 15 илјади деца во градинките“, потецираше Груевски.

Приоритет во рамки на овој проект ќе имаат општините кои имаат најголема потреба од нови капацитети за згрижување, кои што досега имаат и најголема листа за чекање како во Центар, Струмица, Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Битола, Штип, Чаир, Кавадарци, Струга, Прилеп,Делчево, Тетово, Гостивар, Охрид, Велес и други. Во зависност од потребите во одредени општини, ќе се изградат и повеќе објекти на градинки во иста општина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП