26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИБрза и лесна диета со грозје

Брза и лесна диета со грозје

grapes_625x350_61443376353

Ова овошје, освен што го намалува вишокот на килограми, истовремено лекува бидејќи го зајакнува срцето и крвотокот, а воедно и подмладува.

И белото и црно грозје содржат биофлавонид кој ја подобрува размената на материи, ја чисти крвта и клетките. Витамините од Б групата ги зајакнуваат нервите, ја негуваат кожата и косата, витминот Е му помага на срцето и крвотокот, железото и изградбата на крвта, калциумот се грижи за коските, јодот и манганот ја активираат хипофизата, овошна киселина и ензимите ја зголемуваат работата на бубрезите, а сите заедно ги активираат цревата и го ослободуваат организмот од холестерол.

Кога купувате грозје, избирајте го она со тенка лушпа и исклучиво со свежо гранче, а зрелото бело грозје е препознатливо по жолтеникавата боја на зрната.

 

Прв ден

Поделете 1,2 кг од ова овошје на порции и на секои два до три часа изедете по 200 грама.

Напомена: Првиот ден не смеете да јадете ништо друго освен грозје.

 

Втор ден

Појадок: 200 гр грозје, шолја чај без шеќер.

Ужинка: кришка црн леб, кришка младо кравјо сирење, 200 г грозје.

Ручек: чинија чорба од зеленчук.

Ужинка: 200 гр грозје, по избор бело или црно.

Вечера: 150 гр печурки, 250 гр бело пилешко месо и сето ова издинстајте го на малку маслиново масло.

 

Трет ден

Појадокот и ужинките се исти како вториот ден.

Ручек: чинија супа од брокула, 250 гр варен компир

Кога ќе ги обарите брокулите и компирот, можете заедно да ги имешате во блендер и да ги изедете како каша од зеленчук.

Вечера: 250 гр салата од туна и домати, 200 гр грозје.

 

Четврти ден

Појадокот и ужинките се исти како и претходните денови.

Ручек: чинија супа од целер, 200 гр варен ориз.

Вечера: 250 гр динстано пилешко месо, кришка интегрален леб.

 

Петти ден

Појадокот и ужинките се исти како и претходните денови.

Ручек: чинија чорба од праз.

Вечера: 250 гр различни видови сирење, 200 гр грозје

 

Шести ден

Појадокот и ужинките се исти како и претходните денови.

Ручек: чинија крем супа од моркови.

Вечера: 250 гр морски плодови (подготвени на скара со малку масло), порција зелена салата, 200 гр грозје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП