27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Американските претседателски избори - парите се важни!

График на денот: Американските претседателски избори – парите се важни!

donald i hilari33

Кампањата на кандидатот на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон досега успеала да собере значително повеќе средства од онаа на Доналд Трамп.

Но дали парите некогаш навистина успевале да го дефинираат резултатот во американските избори во текот на годините? Според податоците во германскиот весник „Handelsblatt“ сите крајни победници од претседателските избори во оваа земја на крајот биле и „буџетски победници“.

Барак Обама собра повеќе пари отколку Мит Ромни и Џон Мекејн во 2012-та година и 2008-ма година, а победи на изборите и во двата случаи.

Џорџ Буш исто така влегува во Белата куќа во 2004-та година и 2000-та година, откако собрал повеќе пари отколку конкурентите и во двата случаи.

Моделот се повторува и со Бил Клинтон, кој победи во однос на финансиите со противниците во 1996-та година и 1992-та година, пред да победи во двата случаи.

Врз основа на овие докази и податоци, малата предност што на анкетите ја имаше кандидатот на републиканците Доналд Трамп, сега аналитичарите се прашуваат дали тој ќе успее да го сопре трендот и да стане првиот кандидат со понизок буџет кој стигнал до Белата куќа, откако тоа го стори Џими Картер во 1976-та година.

izbori usa 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП