28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Кина „ги силува“ САД со нечесна трговска политика

Трамп: Кина „ги силува“ САД со нечесна трговска политика

TrumpPuppy

Водечкиот кандидат на републиканците за претседателската трка во САД, милијардерот Доналд Трамп, ја критикуваше трговската политика на официјален Пекинг обвинувајќи ја Кина дека „ги силува“ САД.

Трамп на предизборниот собир во Индијана изјави дека Кина е одговорна за „најголемата кражба во историјата на светот“. Тој и претходно ја обвинуваше Кина дека манипулира со курсот на својата национална валута јуанот, за својот извоз да го направи глобално поконкурентен, и оти со тоа истовремено ги загрозува американските компании и работници, потсетуваат медиумите.

„Можеме и натаму да ѝ дозволуваме на Кина да ја силува нашата земја, и тоа е она што сега го правиме. Но тоа ќе го промениме, имаме свои адути, не го заборавајте тоа. Имаме голема моќ!“, порача Трамп кој се надева дека веќе по изборите во Индијана ќе ја обезбеди републиканската номинација за изборите на 8-ми ноември.

Милијардерот веќе има осигурено 996 делегати за националната конвенција која во јули ќе се одржи во Кливленд. Сојузната држава Индијана носи 57 делегати, а за републиканската претседателска номинација потребни се 1.237 делегати.

Трамп, притоа, на гласачите им порача дека ќе постигне подобар трговски договор со Кина, за да им „помогне на американските компании и работници да се натпреваруваат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП