26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриумчарите на мигранти заработиле 6 милијарди евра

Криумчарите на мигранти заработиле 6 милијарди евра

migranti-kriumchari

Криумчарите минатата година заработиле од три до шест милијарди евра преку криумчарење на мигранти, соопшти Европол, предупредувајќи дека со овој „мигрантски ритам“ тој број би можел двојно да се зголеми, па дури и тројно.

Околу 90 проценти од повеќе од милион мигранти кои во 2015 година нелегално влегле во Европа користеле од овие „услуги за посредување“, изјави претставниот на Европол, Роб Вајнврајт на конференцијата во Хаг, каде што е седиштето на оваа организација“, додавајќи дека „услугите главно ги овозможувале криминални групи кои оствариле големи заработки“.

Изнесувајќи го податокот од три до шест милијарди евра, колку што заработиле криумчарите, Вајнврајт изјави дека „тој број ќе се зголеми двојно или тројно доколку интензитетот на сегашната мигрантска криза продолжи и во оваа година“.

Организацијата поради тоа „го вметнала сузбивањето на криумчарење во своите главни задачи“, изјави тој при основањето на секторот кој на земјите членки ќе им помогне во разбивањето на криумчарски мрежи кои извлекуваат корист од најлошата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна.

Задачата на Европското седиште за борба против кримчарењето на мигранти (EMSC) е поддршка на земјите членки во откривањето и растурањето на криумчарските мрежи.

Европол вели дека поседува информации за речиси 40.000 лица за кои се сомнева дека се вмешани во криумчарење на мигранти. Осомничените доаѓаат од повеќе од сто земји, главно од Бугарија, Египет, Унгарија, Ирак, Косово, Пакистан, Полска, Романија, Србија, Сирија, Тунис и Турција.

EMSC ќе го насочи своето делување на двата града пресудни за мигрантската криза – Катанија во Италија и Пиреја во Грција. Според податоците на Европската агенција за надворешни граници (Frontex), 140.000 мигранти од почетокот на 2016 година нелегално влегле во Европа, а се чини дека приливот на мигранти нема да се намали до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП