5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ бара од Балканот итно да обезбеди сместување за бегалците

ЕУ бара од Балканот итно да обезбеди сместување за бегалците

Flüchtlingsprotest in Dresden

Европската комисија (ЕК) ги повика земјите долж балканската рута која води до ЕУ, да направат повеќе околу давањето на засолниште за луѓето кои бегаат од судирите или сиромаштијата, потенцирајќи дека „неопходно е да за забрза процесот на обезбедување на приемни капацитети“, пренесува АР.

Во објавениот извештај, се наведува дека моментално се расположливи или пак во подготовка се само околу половина од 50-те илјади места кои беа ветени минатата година од страна на лидерите на балканските земји, а кои се однесуваат на сместувањето на бегалците на мигрантската рута.

Во извештајот се оценува дека балканските земји „сега мораат итно да ја забрзаат процедурата за приемните капацитети“. Во тој документ се забележува и дека одговорот на Грција во однос на бегалската криза и натаму е премногу бавен и дека земјата не враќа назад доволен број од мигрантите кои не можат да се квалификуваат за добивање на азил.

ЕК наведува дека распоредувањето на ткн „хот спот“ локации за регистрирање на мигрантите и земањето на отпечатоци е забавено поради недоволниот ангажман околу персоналот и инфраструктурата, пренесува агенцијата. „Во моментов само еден хот спот е целосно оперативен“, се оценува во извештајот.

Во истиот документ се наведува дека скоро 20 илјади мигранти биле депортирани од почетокот на минатата година, но дека тоа и натаму „не е доволно со оглед на тоа што повеќе од 800 илјади пристигнале во 2015-та година“.

Евркомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос изјавил дека им пратил писмо на земјите членки со „јасна и силна порака“ да ја забрзаат релокацијата на бегалците од преоптоварените Грција и Италија. Грчкиот еврокомесар рекол дека писмото го испратил до сите 28 земји членки, откако само 497 бегалци беа релоцирани во другите држави членки, од вкупно 160 илјади, колку што, пак, беа договорени минатиот септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП