28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокадите може ги чинат грчките извознци по 30 милиони евра на ден

Блокадите може ги чинат грчките извознци по 30 милиони евра на ден

blokadi grcija

Од средината на јануари грчките фармери ги блокираат патиштата во земјата и граничните премини. Овие ограничувања на движењето веќе предизвикуваат гнев и кај превозниците во Грција.

Ограничувањата можат да чинат по 30,8 милиони евра на ден загуби за локалните извозници, предупредуваат од грчката асоцијација на извозниците (PSE), цитирани од весникот „Катимерини”. Ако со блокадите се прошират и бидат опфатени пристаништата и железничката инфраструктура, штетата ќе изнесува над 65 милиони евра на ден.

Од асоцијацијата се повикуваат на статистички податоци, според кои 43% од извозот на Грција е преку копнен транспорт. Неговата вредност во 2015-та година е околу 30,8 милиони евра на ден. Дополнително, лани товарите извршени по море, се во вредност од 37,2 милиони евра на ден.

Блокадите на фармерите се предизвикани од понудените промени од страна на владата во пензискиот систем и претстојните промени во оданочувањето.

Заради нив сепак превозниците треба да користат алтернативни подолги патеки или да поминат часови во очекување блокадата да биде укината.

Фармерите не ги затвораат само граничните премини, туку и главните патишта во земјата, па со тоа се поскапуваат и трошоците за испорака на пратките. Одложувањето пак крие ризици од наметнување казни за превозниците.

Во оваа фаза протестот не води до нарушување на снабдувањето за грчкиот пазар. Ако сепак блокадите продолжат, не е сигурно дали и тоа нема да се случи, предупредуваат уште експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП