28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Џерман електро-мехатроник системс“ отвора фабрика во Македонија

„Џерман електро-мехатроник системс“ отвора фабрика во Македонија

nova invest 33

Фирмата „Џерман електро-мехатроник системс“ инвестира во Македонија, а со 15 милиони евра планира да изгради погон во Бунарџик и да вработи 200 луѓе.

За таа цел, во среда, во Владата беше потпишан договор за изградба на фабрика која ќе се гради шест до осум месеци, а првото производство се очекува кон крајот на 2016 година.

Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, рече дека се работи за фабрика за електронски уреди, лед светилки, кои наоѓаат примена во повеќе индустрии, а ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина.

„Овој проект е значаен за намалување на невработеноста и за зголемување на извозот, а значајно е и дека ќе се користат македонски технологии. На почетокот нивните производи ќе ги извезуваат на Блискиот Исток, а понатаму и низ Европа“, рече Павлески.

Ахмед Ал Шаер од „Џерман електро-мехатроник системс“ рече дека нивната намера е да ја направат Македонија лидер во поглед на одржливата енергија.

„Го имаме и еден од најдобрите центри за истражување и развој којшто сакаме да го пренесеме и во Македонија и да ја направиме центар во поглед на одржливата енергија“, рече Ал Шаер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП