Октомври е месец на тиквата и ако барате во супермаркети или продавници за храна, ќе ја најдете на полиците.
Тиквата е разновиден зеленчук што можете да го користите на многу начини. Уживајте во неа во форма на пире, може да стане основна состојка на топла супа, основа за вашите тестенини, а листата не завршува тука. Без разлика колку уживате во тиквата, едно е сигурно – ќе му обезбедите на вашето тело повеќекратни придобивки.
Ќе ве засити
Тиквата спаѓа во категоријата храна што е богата со растителни влакна. Како што добро знаете, растителните влакна ве прават да се чувствувате сити подолго време и затоа успевате да јадете помалку во текот на денот. Уживајте во ова уникатно чувство на ситост и вашата силуета ќе ви биде благодарна.
Богата е со витамини
Во слатката тиква ќе најдете магични витамини. Богата е со витамин А, антиоксиданси и хранливи материи. Исто така, содржи витамини од Б комплексот, на кои им ја должи својата интензивна портокалова боја и кои ги штитат клетките од оштетување.
Подобро спиете
Не го потценувајте сонот! Освен енергијата што ви ја нуди наутро кога ќе ги отворите очите, не заборавајте дека за време на спиењето се лачат супстанции кои ги разградуваат мастите и ви помагаат да се разбудите наутро со рамен стомак. Портокаловата тиква затоа е богата со триптофан, аминокиселина која обезбедува подобар квалитет на спиење.
Го зајакнува вашиот имунолошки систем
Времињата низ кои поминуваме не се лесни кога станува збор за здравствени проблеми. Затоа, јадете уште малку тиква. Цела или дури и со семки. Овие мали делови што најчесто ги отстранувате се полни со хранливи материи и фитостероли.
Подобар вид
Дали знаевте дека едно парче тиква содржи околу двојно повеќе од препорачаниот дневен внес на витамин А? Ако штотуку дознавте, обидете се да го внесувате овој витамин, кој е неопходен за добар вид, особено во темница.