Манчестер Сити соопшти дека кинески конзорциум ќе инвестира во „City Football Group“ 400 милиони долари, за купување на 13 отсто од акциите. На клупската интернет страница се наведува дека „City Football Group“ воспоставил партнерство со конзорциумот кој е предводен од „CMC“ (China Media Capital).
Кинескиот конзорциум во „City Football Group“ ќе инвестира 400 милиони долари за купување на 13 отсто од акциите, со што вредноста на групата ќе изнесува три милијарди долари.
Договорот двете страни го постигнале по шестмесечни преговори.
Кинеската инвестиција доаѓа по посетата на претседателот на Кина, Си Џинпинг, на Манчестер Сити во октомври, кога беше во официјална посета на Велика Британија.
Манчестер Сити во 2008-ма година го купи шеикот Мансур бин Зајед ал-Нахијан, а потоа клубот се прошири и ја формира „City Football Group“, во која се вклучени фудбалските тимови во Њујорк, Мелбурн и Јокохама.