Цената на нафтата порасна во средата на светските берзи откако новите податоци од САД навестија рамнотежа на американскиот пазар, со поголема побарувачка и намалено производство и резерви.
На лондонската берза цената на нафта порасна 98 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 52,90 долари. Вчерашното тргување го заврши во плус од 2,67 долари, пречекорувајќи го прв пат за месец дена нивото од 50 долари. На американската берза со барелот се тргува по 1,18 долари повисока цена, од 49,71 долари. Вчера тргувањето го заврши во плус од 2,27 долари.
Вчера нафтените берзи ги катапултираше податокот на Американскиот институт за нафта дека резервите на сировата нафта во минатата недела се намалени за 1,2 милиони барели, а намалени се и резервите на дериватите.
Дополнително министерството за енергетика во вчерашниот извештај процени дека глобалната побарувачка за нафта во следната година треба да расте со најсилно темпо за шест години, сигнализирајќи дека вишокот во понудата се намалува побрзо од што се проценуваше.