28 март, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПопуларниот хечбек ќе се продава уште најмалку пет години

Популарниот хечбек ќе се продава уште најмалку пет години

„VW Polo“ ќе остане во продажба уште најмалку пет години, изјави генералниот директор на „Volkswagen“, Томас Шефер, откако пред две години токму тој ја разниша иднината на популарниот хечбек.

Имено, Шефер тогаш изјави дека нема смисла да се нудат мали автомобили по стапувањето на сила на стандардите за издувни гасови Еуро 7, бидејќи со тоа цената на овој субкомпактен автомобил би се подигнала меѓу три и пет илјади евра.

Сепак, со олеснување на регулативите на ЕУ за емисиите на Eуро 7 кои допрва треба да стапат на сила, „Volkswagen“ би можел да продолжи да го нуди „Polo“.

Долги години „VW Polo“ е еден од најпопуларните автомобили во Европа. Дебитираше во далечната 1975-та година, откако „Volkswagen“ лансираше шест генерации. Последната се појави на пазарот во 2017-та година.

Шафер изјави дека ревидираните прописи „не се толку луди како што беа претставени на почетокот“, па германскиот производител ќе продолжи да го продава „Polo“.

Новите регулативи за емисии првично требаше да бидат воведени оваа година, но во голема мера беа намалени како одговор на критиките од автомобилската индустрија.

Овие нови, релаксирани правила ќе важат од 1-ви септември 2024-та година и ќе имаат мало влијание врз цената за хомологација на „Polo“.

Шафер, исто така, навести дека „Polo“ може да добие повеќе ажурирања во блиска иднина.

„Ќе го одржуваме свеж. Автомобилот работи добро“, вели Шефер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП