Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер изјави дека слободното движење во Шенген зоната би можело да дојде во опасност, пренесува РИА Новости.
„Се надеваме дека ова нема да се случи, ние ја поддржуваме Шенген зоната, но ако никој не го почитува законот, Шенген зоната ќе дојде во опасност“, изјавил де Мезиер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста за укинување на Шенген договор.
Според францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, министрите за внатрешни и надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе се состанат во Париз кон средината на октомври за да разговараат околу кризата со приливот на илегални имигранти во Европа.