Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.
На патниот правец А2 Охрид – Кичево, (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) на 08.08.2015 (сабота) сообраќајот ке биде во прекин од 14.00 до 16.00 часот.
Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.
Кај с.Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се корисити патот низ с.Порој. Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.