Бразилецот Фелипе Мело е ново засилување на калчолигашот Интер од Милано. „Нероазурите“ за трансферот на Бразилецот ќе платат три милиони евра и веројатно ќе го испратат во Галатасарај Јапонецот Јуто Нагатомо.
Фелипе Мело има искуство од Серија А, тој во минатотo играше за Фиорентина и Јувентус.
Мело, кој има одиграно 22 натпревари за бразилската репрезентација, a во кариерата настапувал за Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг Сантандер и Алмерија.