Новак Ѓоковиќ кој во неделата ја обрани титулата на Вимблдон се зацврсти на првото место на ранг листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Ѓоковиќ има 13.845 бодови, што е за 4.180 бодови повеќе од вторпласираниот Роџер Федерер.
Ѓоковиќ и Федерер и лани играа во финалето на Вилмблдон, а бидејќи резултатот оваа година беше ист како и минатата година двајцата тенисери не загубија ниту поен на АТП листата.
По Вимблдон нема ниту една промена на АТП листата, Енди Мари е трет, тој доби нови поени бидејќи за разлика од лани играше во полуфиналето, додека десетти остана Рафа Надал кој има 10.845 бодови помалку од Ѓоковиќ.
АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 13.845
2. Роџер Федерер 9.665
3. Енди Мареј 7.810
4. Стен Вавринка 5.790
5. Кеи Нишикори 5.225
6. Томаш Бердих 5.140
7. Давид Ферер 5.140
8. Милош Раониќ 3.810
9. Марин Чилиќ 4.445
10. Рафа Надал 3.000.