Доколку може да му се верува на шефот на „M“ одделението на „BMW“, Франк ван Мел, мануелниот менувач во спортските модели на баварскиот производител нема светла иднина. Тој тврди и дека 600 „коња“ се максимум кој можат да го понудат „М“ моделите во овој момент.
Франк ван Мел верува дека мануелните менувачи се технолошки застарени.
„Од технолошка гледна точка, иднината на класичните менувачи не е светла. Автоматските преносни системи со двојно квачило имаат побрз одзив и влијаат на намалување на потрошувачката“, истакнува ван Мел.
Сепак, тоа се уште незначи дека се одброени деновите на мануелните менувачи. Додека постои доволно голема побарувачка за овој вид на преносен систем, одделението „М“ на „BMW“ ќе ги вградува во своите модели, додава тој.
„Тешко е да се прогнозира колку долго во иднина ќе нудиме мануелни менувачи, но засега постои голема база на вљубеници во „BMW M“ автомобилите со конвенционални рачни менувачи, па поради тоа ние несакаме нашите клиенти да бидат незадоволни“, објаснува Франк ван Мел.
Шефот на „М“ одделението посвети внимание и на максималната моќност на моторите кои се вградуваат во „BMW M“ моделите.
„Моментално сме на границата од околу 600 ks. Доколку вградуваме погонски единици со повеќе „коњи“ и уште поголем вртежен момент, тоа веројатно би било над оптималниот лимит“, заклучува ван Мел.