Работилницата „Zagato“ создаде спортски автомобил со името „Mostro“, кој ќе биде претставен на викендов на езерото Комо во Италија конкурсот за дизајн – „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“.
Машината е посветена на 100-годишнината на марката „Maserati“ и најмногу на нејзиниот модел „Maserati 450S“, произведен во 1957-ма година. Поради огромната моќ овој автомобил исто така е наречен „Il Mostro“ (чудовиште во превод од италијански).
Во основата на возило е употребен карбон материјал и каросерија е од истиот материјал. Погонот е доверен на 8-цилиндричен мотор од „Maserati“ со зафатнина од 4,2 литри кој развива 420 КС. Машината е опремена со заден диференцијал со зголемено триење и 6-брзински секвенцијален менувач, монтиран на задната оска.
Тежината на спортскиот автомобил е само 1000 кг., а и во зборовите на неговите творци тој е направен првенствено за користење на писта, но нема никаков проблем да биде користен и за јавните патишта. Од моделот ќе бидат произведени 5 примероци, кои се наменети за колекционери. „Zagato“ ќе ги испорача машините на клиентите до крајот на годината.
Авторскот купе „Masearati 450S“ (на фотографијата) е изградено во еден единствен примерок за маратонот „24 часа Ле Ман“. Неговата развој е нарачан лично од легендарниот пилот во Формула 1, Стирлинг Мос, кој учествувал со автомобилот во трки. Да почетокот на 90-тите години на минатиот век тој е еден од најмоќните автомобили со мотор кој е лоциран во предниот дел.