Сакате елегантно место за вашиот следен одмор на Сејшелските острови…
Не барајте понатаму, имаме совршен предлог за вас – луксузниот ресорт „Constance Lemuria Seychelles Resort“. Овој склоп од луксузни вили и апартмани има совршени тераси кои лебдат над вода со фантастични погледи на веќе познатите сејшелски плажи. Опкружен со бујна и егзотична вегетација, ресорт ќе ве остави без здив кога прв пат ќе го видите.
Материјали како што се дрво, камен, розев гранит, мермер и палми го сочинуваат овој инспиративен простор кој совршено се вклопува со природната околина. Гостите можат да бираат помеѓу „Junior“ апартманите кои се наоѓаат на 15 метри од плажата или „Senior“ апартманите кои се состојат од спални соби, бањи со џакузи, одвоени простории за туширање и дневни соби со маси, трепезарии и удобен простор за седење и релаксација.
Осум луксузни вили на брегот имаат директен пристап до плажата, и како изненадување на своите гости им нуди „al fresco“ оброк во средина на базенот. „Presidential Villa“ се состои од три апартмани, три базени на повеќе нивоа, тука е и помошниот персонал, готвач и обезбедување.
Додека гостувате во оваа луксузна вила навистина ќе се чувствувате како претседател. Ова неверојатно сместување ви нуди и бања на отворено, со џакузи, сауна и парна бања. И „Luxurious Villa“ и „Presidential Villa“ имаат свој личен дел за релаксација и масажа, а готвачите кои се таму само за вас, ќе ви подготват што ќе посакате, од најквалитетните состојки.