27 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 22-23.06.2024

Викенд хороскоп 22-23.06.2024

Овен (21.03 – 20.04)

На најдобар начин користете ги своите генијални особини. Ви паѓаат на памет луди идеи, фантазијата е богата, а, сепак, одлично функционирате. Некого очајно сакате да видите, ќе направите се за да воспоставите контакт.

Бик (21.04 – 21.05)

Пред вас е викенд исполнет со возбудливи мигови. Не сте во врска? Не грижете се, Венера ќе се погрижи да имате многу романтичен викенд. Ве очекуваат средби како со бившите, така и со идните партнери. Среќно!

Близнаци (22.05 – 22.06)

Крајно време е да престанете да се грижите за обврските и да почнете да размислувате малку позитивно. Не е крај на светот ако неколку недели по ред не ви се случува нешто за пофалба. Земете ги работите во свои раце. Поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.

Рак (22.06 – 22.07)

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

Лав (23.07 – 22.08)

Во зависност од личното интересирање, одберете ја верзијата за која сметате дека ќе донесе најдобри резултати за вас. Некои работи ги повторувате постојано. Нежноста ви е неопходна повеќе од било кога, па поради тоа со партнерот ќе бидете на иста бранова должина.

Девица (23.08 – 22.09)

Прифативте премногу обврски, кои почнуваат да ве заморуваат. Со партнерот ги споделувате проблемите. Тој е единствениот кој може да го поднесе вашиот карактер. Машките припадници на знакот се сериозно заинтересирани за една колешка.

Вага (23.09 – 22.10)

Ви се случуваат интересни работи, затоа и не ви е досадно. На моменти сте нервозни и подготвени да избувнете. Саканото лице најмногу влијае на вашето расположение. Смирете се малку.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Преокупирани сте со размисување за нови бизнис идеи, но и со зголемените секојдневни обврски. Понекогаш морате да превземете соодветен ризик во согласност со новата ситуација. Определете се за јасни цели, кои ќе Ви овозможат подобри професионални резултати.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку се обидувате правилно да насочите некој близок, нема да успеете. Бидете внимателни, тоа може целосно да ви ја извлече енергијата. Избегнувајте расправии и не оптоварувајте ги луѓето. Потрудете се да си го зајакнете имунитетот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендот нуди можност да го резимирате тоа што се случувало во изминатиот период. Врската во која се наоѓате е површна. Чувствувате потреба дека партнерот треба да стори нешто епохално и да ја докаже вистинската љубов.

Водолија (21.01 – 19.02)

Барате нечија помош во решавање на работните или имотните проблеми. Ги разгледувате повторно чекорите кои претходно сте ги елиминирале. Шансите постојат таму каде што најмалку се надевате. Можноста за нова романтична врска е поизразена секој ден.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува голема забава овој викенд. Но, сепак, бидете внимателни и не претерувајте со алкохолот. Доколку овие два дена треба да донесете некои важни одлуки, донесете ги стабилно и решително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП