Исчистен е одронот на патниот правец Прилеп-Битола-Ресен, па сообраќајот се одвива без застој, соопштија од АМСМ.
„На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, на обиколница Битола одронот е очистен и сообраќајот се одвива непречено, без забрани, застои и ограничувања“, стои во соопштението.
Според информациите од Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.