Финансиската поддршка која на Украина и ја вети Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за обнова на економијата на оваа земја нема да биде доволна, изјави украинскиот министер за финансии, Наталија Јарешко.
Таа изјави дека одобрениот заем е доволен за стабилизирање на банкарскиот систем на земјата, но не и за поттикнување на економски раст.
ММФ минатата недела ја одобри финансиската помош за Украина во износ од 17,5 милијарди долари, а првата транша изнесуваше пет милијарди долари.
Покрај тоа, Јарешко изјави дека Украина очекува дека и од останатите земји помагатели ќе добие дополнителни 7,5 милијарди долари.