Винаријата Peyrassol ова лето носи ново винско освежување. Љубителите на вино, особено оние кои имале можност да ги вкусат вината на Peyrassol, преку #LOU ROSE ќе ја препознаат магијата на оваа винарија, чија традиција долга 800 години сведочи за извонреден квалитет на винските етикети. Постојаната потрага по уникатни свежи ноти, најдоброто селектирано грозје и употреба на најдобри практики го создаде #LOU ROSE, куве со изразена ароматика, шарм и елеганција во секоја капка. Ова вино ќе ве освои со својата нагласена арома на вкусен цитрус и шумско овошје надополнета со нежна флорална нота. Доколку сакате целосно гастрономско уживање, #LOU ROSE особено добро се вклопува со азиската кујна, нудли или тајландски тестенини, морски плодови разни пасти и салати.
Розе вината на винаријата Peyrassol го обиколуваат светот и се достапни на бројни екслузивни дестинации, од шармантните брегови на француската ривиера до софистицираниот амбиент на Монако, Сент Тропе и Ибица. Peyrassol ги краси и винските листи во сончевата, топла и секогаш заводлива Шпанија, секогаш присутни на забавните грчки острови Санторини и Миконос, живописните Португалија и Барселона, како и голем број космополитски градови како Лондон, Њујорк или Париз. Совршено вклопувајќи се во секој амбиент и стил, без разлика дали ова вино се наоѓа на масите на најекслузивните ресторани, луксузните хотели или клубови, она што го издвојува од останатите е неговата исклучителна вредност да и покрај својот престиж остане достапно за сите.

