Форум на работодавачи и млади заинтересирани за сопствен бизнис се одржа во понеделникот вечерта во организација на Секторот за развој на Општината при општина Карпош, заедно со Министерството за труд и социјална политика, националниот совет за претприемништво и конкурентност и Програма за развој на Обединети нации (УНДП).
На работилницата се даваа насоки и мерки за тоа како една фирма треба да функционира и кои се мерките за отворање на истата. Голем број млади заинтересирани за својата иднина, поставуваа прашања и се интересираа за обврските кои следуваат при отворање на сопствен бизнис.
Целта на форумот, кој во организација на локалната самоуправа се одржува по втор пат, е да се зголеми информативноста кај постоечките работодавци како и оние кои во иднина се стремат да бидат, за мерките кои треба да ги преземат за успешно водење на бизнисот.
На форумот присуствуваа Оливера Ставрова и Владимир Красиќ од Министерството за труд и социјална политика, Павлина Костовска-Грујоска од Агенцијата за вработување-центар за вработување на Град Скопје, Горан Чочков од Програма за развој на Обединети нации (УНДП), како и раководителката на Секторот за развој на локалната самоуправа, Евантија Стојановска.