Швајцарските избирачи во неделата на референдум со убедливо мнозинство ја отфрлија иницијативата за даночните олеснувања за семејствата и воведување на даночните енергетски даноци, покажуваат резултатите од сите кантони.
Иницијативата на Зелените либерали за воведување данокот на необновливите видови енергија, којшто, меѓу другото би ги зголемил цените на бензините за околу 5 швајцарски франци, гласачите ја отфрлија речиси едногласно, со околу 90 отсто од гласовите против.
Со другата иницијатива, која ја предложи Христијанско-демократскта партија PDC, беше понудено да се ослободат од давачки семејствата ко примаат надомест од државата од плаќањето на даноци на тие примања. И покрај првите позитивни реакции на таа иницијатива, со времето поддршката опадна, па на референдумот беше отфрлена со 60 до 70 отсто гласови против.