20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија сака да затвори дупка од 11 милијарди евра оваа година

Германија сака да затвори дупка од 11 милијарди евра оваа година

Германското Министерство за финансии размислува за ребаланс на буџетот за оваа година со нови заеми од 11 милијарди евра, објави „Bloomberg“, цитирајќи луѓе запознаени со дискусиите.

Разговорите во владејачката коалиција се во тек и не е донесена конечна одлука за ревидираниот финансиски план за 2024 година, кој би можел да вклучи и замрзнување на трошоците, додаваат изворите, кои сакаа да останат анонимни.

Министерот за финансии Кристијан Линднер потенцијално би можел да преземе повеќе федерални долгови без да ја наруши должничката сопирачка предвидена во германскиот устав, бидејќи правилата даваат одредена слобода за маневрирање во време на економска слабост.

Нето новиот долг се очекува да се зголеми на околу 40 милијарди евра оваа година, што е намалување од 70 милијарди евра во 2023-та година, додека најголемата европска економија се очекува да стагнира по падот во 2023-та година.

Портпаролот на Министерството за финансии рече дека владата го следи развојот на даночните приходи и е подготвена да дејствува во секое време доколку е потребно.

Тројната тројна коалиција на канцеларот Олаф Шолц моментално е во тешки преговори за буџетот за следната година, кој се надева дека ќе го потпише на 3-ти јули.

Владејачките партии – Социјалдемократите на Шолц, Зелените и Слободните демократи на Линднер – се под притисок да покажат дека сè уште можат да функционираат по лошите резултати на изборите за Европскиот парламент минатиот викенд.

Линднер ги повика сите колеги од кабинетот, освен министерот за одбрана, Борис Писториус, да ги затегнат ремените, игнорирајќи ги повиците од коалиционите партнери, индустриските групи и економистите за поголема флексибилност.

Анкетата за германската телевизија „ZDF“ објавена во четвртокот покажа рекордно ниво на незадоволство од владата. Меѓу анкетираните 1.334 гласачи, 71 отсто се изјасниле дека не се задоволни од работата на коалицијата, во однос на 63 отсто во мај.

Во исто време, две третини од испитаниците веруваат дека владата ќе остане на власт до следните избори во есента 2025-та година. Само 30% очекуваат коалицијата да пропадне пред тоа.

Најновите проекции за даночните приходи, објавени во мај, предвидуваа дека федералните приходи ќе бидат 5,6 милијарди евра помалку од очекуваните во 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП