20 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве зошто ова овошје ќе ви се допадне сега уште повеќе

Еве зошто ова овошје ќе ви се допадне сега уште повеќе

Кога станува збор за брзи и лесни начини да се ослободите од запек, исхраната е клучна.

Листата на храна која помага при запек вклучува кефир, брокула, мешунки и јаткасти плодови. Сепак, сливите се особено популарна опција. Според една студија од 2011-та година, вклучувањето на ова овошје во нашата исхрана е една од првите работи што треба да ги земеме предвид доколку имаме проблеми со варењето.

Сувите сливи се богати со нерастворливи влакна и сорбитол, кои се одлични за лекување на запек. Покрај тоа, придобивките од сувите сливи можат да ги почувствуваат дури и луѓето кои не сакаат да ги јадат, бидејќи сокот од сливи се покажал исто толку ефикасен.

Студијата од 2018-та година покажа дека сувите сливи помагаат при здрави движења на дебелото црево. Научниците истражувале како сувите сливи можат да влијаат на гастроинтестиналната функција на една личност, фокусирајќи се на тоа како потрошувачката на сливи може да ја промени фреквенцијата на столицата и тежината.

Резултатите покажале дека сувите сливи значително влијаат на фреквенцијата на столицата, особено кај луѓето на кои им недостасуваат влакна во исхраната и имаат дигестивни проблеми.

Јадењето сливи помага да се подобри нивото на „добриот“ холестерол

Освен тоа, истражувањата покажаа дека сувите сливи можат позитивно да влијаат на нивото на холестерол и на ризикот од одредени сериозни болести. Неколку студии презентирани на годишниот состанок на Американското здружение за исхрана во 2023-та година покажаа дека консумирањето сливи помогнало да се подобри нивото на „добриот“ HDL холестерол кај мажите над 56 години.

Исто така, резултатите од студијата од 2021-ва година сугерираат дека жените во постменопауза кои консумираат помеѓу 50 и 100 грама сливи дневно може да доживеат намалување на вкупниот холестерол, оксидативен стрес и воспалителни маркери, а со тоа ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести.

Тоа го поткрепуваат наодите од прегледот од 2013-та година, кои нагласуваат дека конзумирањето на сливи може да придонесе за чувството на ситост, што го спречува прејадувањето. Ова за возврат може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, како и веројатноста лицето да стане дебело или дијабетичар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП