Вработуваат 143.000 луѓе во 67 земји во светот и имаат повеќе милијардери од кое и да е друго семејство на планетава.
Каргил е најголемата приватна фирма во САД. Земјоделскиот гигант од Минесота вработува 143 илјади луѓе во 67 земји во светот, а во 2013 година приходот им изнесувал 134 милијарди долари.
Кланот Каргил е многу богат, а во семејството имаат дури 14 милијардери, повеќе од кое и да е друго семејство на светот.
Доколку Киргил би биле држава, таа ќе има милијардери колку што има Шведска или Израел. Тоа ќе им беше доволно да бидат 31-ва земја според бројот на милијардери.
Сé почнало во 1865 година, Тогаш В.В. Каргил започнал сопствен бизнис на границата со Ајова, а 150 години подоцна неговите потомци поседуваат 88 земјоделски конгломерати, пренесува Business Insider, според податоци од Forbes.
Меѓу наследниците на семејното богатство се Џејмс Каргил II, Остин Каргил II и Мариен Либман.
Сепак, семејството Каргил се познати како тивки луѓе, живеат екстремно приватни животи, многумина на фарми и ранчови во Монтана.