Министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис е уверен дека Атина може на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да му го исплати долгот од 1,5 милијарди евра, што земјата мора да го врати во март, како и да обезбеди доволно средства за отплата на своите обврски во април, пишува рускиот весник „Ведомости“.
Грчкиот министер ја исклучил можноста Грција да западне во банкрот, нешто за што во понеделникот предупреди германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, доколку Атина не ги исплати обврзниците во предвидениот рок.
Варуфакис, пак, потенцирал дека сите плаќања ќе бидат извршени во зададените рокови.