Игор Карачиќ кој во саботата го предводеше Вардар до победата во Мајнхајм над Рајн Некар Ловен (35:28), заслужено се најде во тимот на колото во Лигата на шампиони.
Хрватскиот репрезентативец натпреварот го заврши со осум постигнати голови и беше движечка сила на тимот во текот на целиот натпревар.
Идеалениот тим на 10.коло во ЛШ:
Голман: Гуруц Агинагалде (Ла Риоха)
Лево крило: Иван Нинцевиќ (Висла)
Лев бек: Вилијам Акамбре (ПСЖ)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Патрик Ајлерт (Ла Риоха)
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)
Пивот: Роберт Гунарсон (ПСЖ).