Запирањето на проектот „Јужен поток“ ќе има негативно влијание врз економијата на земјите кои требаше да учествуваат во изградбата на гасоводот.
Со такво мислење се 3.000 луѓе, анкетирани меѓу 12 и 30 јануари 2015 година во Бугарија, Србија и Австрија, пренесе РИА Новости.
Резултатите покажуваат дека 56% од анкетираните изјавиле дека откажувањето на проектот ќе се одрази негативно врз економијата на нивната земја. Тоа е мислењето на 64% од анкетираните во Бугарија и на 61% од испитаниците во Србија.
Само 38% од Австријците сметаат дека запирањето на проектот негативно ќе влијае врз австриската економија.